Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер, соопшти дека е позитивен на коронавирус.

Тој на „Твитер“ напиша дека немал симптоми и дека ќе продолжи со работа од дома.

Мер наведува дека ќе биде во изолација седум дена.

Веднаш почнав да ги следам здравствените мерки што ги донесе Владата и се изолирав во домот, напиша Мер.

Минатата недела францускиот премиер, Жан Кастекс, соопшти дека е позитивен на Ковид-19. Тој се заразил по контакт со позитивно лице на велосипедската трка Тур де Франс.

Во Франција вчера беа регистрирани рекордни 13.215 новозаболени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.