Чешката министерка за труд и социјална политика, Јана Малачова, мислејќи дека микрофонот е исклучен за време на интервју за една телевизиja, го нарече дебил премиерот на таа земја, Андреј Бабиш.

Тој Бабиш направи бордел (од државата). И сега сите ние мора да го чистиме. Тој е дебил, извинете, рече Малачова на крајот од интервјуто за чешката телевизија, пренесува Спутник.

Во последните недели, лидерите на опозициските партии остро ја критикуваа владата и премиерот за грешките направени за време на борбата против коронавирусот, како фактот што до последен момент не се воведе задолжително носење заштитни маски и се одложуваше воведувањето на вонредната состојба.

Вонредна состојба во Чешка беше воведена на 5 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.