Словачкиот министер за животна средина Ласло Солумос денеска соопшти дека поднел оставка откако ноќеска наводно пијан, заедно со неговиот брат, учестувал во демолирање на кинески ресторан во Братислава, пренесоа локалните медиуми.

Солумос наводно бил уапсен заради напад врз персоналот на ресторанот и за уништување на мебелот, а според полицијата еден вработен во ресторанот по нападот побарал и медицинска помош.

Полицијата не го објави идентитетот на сторителот, но интернет страницата Pluska.sk уште ноќеска пренесе дека насилникот е Солумос, член на унгарско-словачката партија Мост Хид.

Според медиумските информации, уапсеното пијано лице гласно негодувало заради апсењето, тврдејќи дека е министер за заштита на животната средина.

Словачкиот премиер Петер Пелегрини утринава го повикал Солумос и од него побарал јавно да се извини, а министгерот по средбата објави дека поднесува оставка. Тој, меѓутоа, одби да одговара на новинарски прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.