Причината за смртта на милијардерот Џефри Епстајн е веројатно задушување, а не самоубиство во неговата затворска ќелија, тврди форензички патолог најмен од неговиот брат.

Наодите на патологот Мајкл Бејден се во спротивност со официјалните откритија што укажуваат на самоубиство со бесење објавено од официјални лица во август.

Бејден, кој долги години бил главен медицински инспектор во Њујорк и бил присутен на првата обдукција на Епстајн, вели дека неговите повреди повеќе укажуваат на убиство отколку на самоубиство.

Мислам дека доказите упатуваат на убиство, а не на самоубиство. Повеќе фрактури откриени на вратот на Епстајн се многу невообичаени за самоубиство. Бесењето не доведува до фрактури – рече Бејден за „Фокс њуз“.

Епстајн беше пронајден мртов во њујоршкиот затвор во август. Тој го чекаше судењето поради наводите дека тргувал со девојчиња под 14-годишна возраст. Тој ги негираше сите обвиненија, но доколку беше прогласен за виновен, ќе добиеше казна затвор до 45 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.