Криумчарењето мигранти во Европа не е ништо ново, а за да стигнат на Стариот континент се бараат најразлични начини. Во последниот пример шпанската полиција открила неколку мажи сокриени во душеци за спиење.

Видеото било снимено на шпанската граница, а на него може да се видат како цариниците од покривот на автомобилот ги спуштаат душеците и со нож го расекуваат платното, за од него да излезат сокриени мигранти.

Не е познато колку долго тие биле во внатрешноста на душеците, ниту како дишеле низ сошиеното платно и најлонот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.