Тимовите за потрага и спасување се подготвени да помогнат, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по силниот земјотрес со магнитуда од 6.8 степени, кој вечерва го погоди источниот дел на Турција.

Срдечно сочувство до претседателот Ердоган и турскиот народ по разорувачкиот земјотрес кој ја погоди земјата. Нашите тимови за потрага и спасување се подготвени да помогнат, порача Мицотакис на „Твитер“.

Досега потврдено е дека загинале четири лица, стотици се повредени. Голем број на станбени згради и објекти се урнати, а забележани се и два афтершока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.