Рут Хамилтон од Канада ја доживеала несреќата метеорит да падне врз нејзината куќа, да го пробие покривот и да заврши на нејзиниот кревет, со што за влакно ја промашил.

Полицијата, која била повикана, прво мислела дека „виновникот“ е градилиштето во близина, односно дека работниците случајно фрлиле проектил со големина на тупаница врз перницата на жената.

Меѓутоа, кога работниците рекле дека не направиле ништо и дека виделе само експлозија на небото, било утврдено дека каменот всушност бил метеорит, објави канадскиот печат.

Хамилтон спиела во својот дом во Голден, мал град во подножјето на Карпестите Планини во Британска Колумбија, кога ја разбудило лаење на куче, на време за да избегне удар во главата од метеоритот.

Во животот не сум била толку исплашена. Не знаев што да правам, па повикав полиција и додека разговарав со операторот, ја отстранив перницата и видов камен помеѓу двете перници”, рекла таа за локалната медиуми.

Се испоставило дека метеорски дожд се случил на небото над западна Канада и дека еден камен завршил во куќата на Хамилтон.

Бев во целосен шок и се тресев со часови. Шансата тоа да се случи е мала и многу сум благодарна што останав жива”, изјавила Рут Хамилтон, која планира да го зачува вселенскиот камен како спомен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.