Брисел размислува да почне наплаќа на сите возачи кои влегуваат во градот, објави „Политико“. Ова е чекор што може сериозно да ги разниша односите меѓу претставниците на различни националности во земјата, пренесува весникот.

Новиот министер за транспорт во земјата, најави дека регионалната влада во Брисел ќе воведе систем на патарина до крајот на 2024 година. Според неа, луѓето што патуваат за Брисел ќе мора да плаќаат надомест, во зависност од сообраќајот и количината на емисии што возилото го испушта.

Секој што живее, работи или го посетува градот, знае дека квалитетот на воздухот е многу слаб и дека навистина треба да преземеме акција. Претпоставувам дека ако Фландрија се приклучи на данокот на километар, истовремено ќе се намалат голем број даноци и ќе бидат сигурни дека тоа влијае пред сè и најважно врз метежот, квалитетот на животот и квалитетот на воздухот – рече Ван Дан Бренд кој е министер за транспорт во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.