Германската канцеларка Ангела Меркел изрази шокираност од терористичките напади во Виена и посочи дека Германија е цврсто со Австрија во борбата против исламскиот тероризам.

Во овие страшни часови, кога Виена стана цел на терористичко насилство, моите мисли се насочени кон граѓаните и безбедносните сили кои се соочуваат со опасности, напиша Меркел на Твитер.

Таа посочи дека Германците изразуваат солидарност со своите австриски пријатели.

Борбата против исламскиот тероризам е наша заедничка борба, нагласи Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.