Германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин треба да се сретне со лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја, која еден ден по изборите пребегна во егзил во соседна Литванија.

Тихановскаја пред средбата за „Дер Шпигел“ посочи дека разговорот може да ја вклучи и можноста германската Влада да посредува во конфликтот во нејзината земја.

По средбата со Меркел, Тихановскаја оди на средба со лидерите на германската партија на зелените во Берлин, а утре, пак, е предвидено таа да се сретне и со шефот на германската дипломатија Хајко Маас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.