Ширењето на коронавирусот стана најсериозната криза во историјата на ЕУ, изјави на прес-конференција германската канцеларка Ангела Меркел по видео-состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Вирусот не исчезна, но научивме да живееме во овие услови, рече таа.

– Европа е во најсериозната ситуација во својата историја, додаде Меркел.

Шефицата на германската Влада потсети дека Берлин планира за време на шестмесечното претседателство со ЕУ, темата за надминување на кризата со коронавирус да ја стави на дневен ред.

– Задоволни сме од претстојната соработка со Европската комисија, рече Меркел.

Во врска со односите со Кина, таа рече дека ЕУ има намера да одржи дијалог со Кина за усвојување на закон за национална безбедност во Хонг Конг, но односите со Пекинг се од стратешко значење.

– Односите со Кина се важни, тие се од стратешко значење, рече шефицата на германската Влада.

Таа ја потврди желбата на Берлин да биде домаќин на самитот ЕУ-Кина, кој е одложен на неодредено време.

– Тоа мора да биде врска базирана на взаемна доверба, рече Меркел, нагласувајќи дека дијалогот со Пекинг нема да биде лесен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.