Германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост за развојот на епидемијата на корона во Германија. Пред президиумот на партијата ЦДУ, таа предупреди за „19.200 инфекции на ден“ за Божиќ, пишува Шпигел.

Најновиот број на инфекции предизвикува нејзина загриженост.

Локалните извори на инфекција треба да се решат многу јасно, „во спротивно ќе имаме 19.200 инфекции на ден за Божиќ, рече Меркел, според информациите на „Шпигел“, во видео-конференција на президиумот на ЦДУ.

Претходно, новинската агенција ДПА и весникот „Билд“ ја цитираа канцеларката со слични изјави.

Бројките на инфекции во Европа се загрижувачки, рече Меркел според агенцијата ДПА, додавајќи дека Германија треба да стори се што е во нејзина можност за да се спречи експоненцијалниот раст на бројките.

Според весникот „Билд“, канцеларката рече дека сега мора да се утврдат приоритетите:

Држете ја економијата во функција, држете ги училиштата и дневните центри отворени. Фудбалот е секундарен, рече Меркел.

Канцеларката исто така на забавите, посетите на ресторани и верските настани ги гледа како проблематични.

Во Германија, брјот на новорегистрирани инфицирани изнесуваше 1.411 случаи, во саботата – најголема вредност од април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.