Германската канцеларка Ангела Меркел денеска апелираше до невакцинираните лица да ја преиспитаат својата одлука за имунизација, имајќи предвид дека инциденцата е зголемена на највисоко ниво од почетокот на пандемијата во претходните седум дена.

Ни претстојат тешки недели. Ги замолувам оние кои не се вакцинирани да размислат повторно – рече Меркел преку видео порака“, пренесе Ројтерс.

Седумдневната инциденца во Германија – бројот на заразени на 100.000 жители – денеска се зголеми на 277,4, покажуваат податоците на Институтот Роберт Кох. Претходниот негативен рекорд во третиот бран на пандемијата минатиот декември беше 197,6.

Покраинските премиери и федералната влада ќе се состанат следната недела за да разговараат за новите рестриктивни мерки, иако трите партии кои преговараат за новата влада се договорија дека вонредната состојба ќе истече на 25 ноември, како што беше планирано, како што беше планирано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.