Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се сретна со млади активисти, меѓу кои и шведската активистка за животна средина Грета Тунберг, кои од неа побараа посилна акција против климатските промени.

Покрај Тунберг, на состанокот присуствуваа и Луиза Ноубауер од Германија и Ануна де Вевер ван дер Хејден и Аделаид Шарлиер од Белгија.

Средбата траеше околу 90 минути и тоа е прва средба од ваков вид што се одржи од почетокот на епидемијата на коронавирус.

– Тука сме бидејќи ни е украдена иднината, изјави Тунберг по средбата, организирана по барање на активистите, бидејќи Германија, која претседава со ЕУ, и Велика Британија заедно произведуваат 22 отсто од сите стакленички гасови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.