Германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот изјави дека какви било одлуки во врска со проектот за гасоводот „Северен тeк 2“ ќе треба да ги донесе Европската унија, наместо само Германија.

Меркел беше под притисок да престане со проектното партнерство со Русија, по наводите за евентуалното труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Партијата ДПА ја извести Меркел дека „не е донесена конечна одлука“, но дека е неопходна „тесна координација“ со другите земји-членки на ЕУ. Канцеларката се правдаше дека инцидентот со Навални не е напад врз самата Германија и дека затоа не е потребна еднострана реакција од Берлин.

На 3 септември годинава при посетата на нејзината изборна единица на северот од земјата осврнувајќи се на санкциите што ги воведе Вашингтон за сите учесници во изградбата на „Северен тек 2“, Меркел изјави дека германската влада е решена да ја доврши изградбата на гасоводот Северен тек 2, без оглед на тоа што САД се обидуваат да го спречат проектот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.