Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека е подготвена да продолжи да работи како канцелар по нападите на тресење, како и оти се надева дека ќе ужива во животот кога ќе го отслужи четвртиот и последен мандат до 2021 година.

Можам да ја извршам оваа улога. Како човек, имам силен личен интерес за моето здравје и како што реков, 2021 година е година на крајот на мојата политичка работа. Се надевам дека ќе има живот и после политиката – изјави Меркел, пренесе „Ројтерс“.

Запрашана како се чувствува, канцеларката рече дека е добра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.