Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека првата фаза на пандемијата на корона вирус е завршена, но предупреди дека борбата со вирусот може да продолжи долго време.

Ја поминавме првата фаза на пандемијата, но сме само на почетокот, истакна таа.

Меркел додаде дека земјата ја постигнала својата цел да го забави ширењето на вирусот, но издените мерките за социјално растојание ќе останат во сила до 5 јуни.

Претходно, германската фудбалска лига (ДФЛ) објави дека Бундеслигата се очекува да продолжи во втората половина на мај, но ќе се игра зад затворени врати бидејќи масовните собири се забранети до крајот на август.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.