По катастрофалните поплави што ги погодија германските провинции Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „најголемата економија во Европа мора да работи побрзо и подобро во борбата против климатските промени“ .

Реакцијата на Меркел доаѓа откако нејзината земја е погодена од најголемата природна катастрофа во последните шест децении.

Се ни укажува на тоа дека мора да се стори нешто во врска со климатските промени – им порача Меркел на жителите на Аденау во германската провинција Рајнска област-Пфалц

Меркел додаде дека работата е итна и дека Германија мора да брза во борбата против климатските промени.

Во поплавите во Германија досега загинаа 157 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.