Германската канцеларка Ангела Меркел за време на еден јавен настан во градското собрание во градот Стралсенд рекла дека се надева дека во историските книги за неа ќе биде запишано само едно нешто. Поточно на прашање на новинарите, што се надева дека децата ќе читаат за неа во историските книги по 50 години, неколку секунди размислувала, а потоа со насмевка одговорила по што сака да ја паметат: Се трудеше!

Публиката на нејзините зборови гласно се насмеала и ја поздравила со аплауз. На прашањето што ќе прави откакао ќе и истече мандатот, таа рекла дека нема намера да продолжи активно да се занимава со политика.

Ќе останам во политката, но нема да имам никаква активна политичка функција – рекла Меркал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.