Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Минхен истакна дека е неопходно единство на Европа сега кога светот повторно целосно се организира.

Меркел, која како прва германска канцеларка присуствуваше на седницата на владата на покраината Баварија, на прес-конференција рече дека Европа значи „безбедност“ за Германија.

Таа истакна дека сè што се случува во Брисел за време на германското претседателство со ЕУ е многу важно.

Светот во моментов се реорганизира. Тоа дека САД ја штитат ЕУ не е веќе нешто што се подразбира. Затоа, единството во Европа е поважно од кога и да е – порача Меркел.

На прашањето дали го поддржува премиерот на Баварија, Маркус Зедер за иден германски канцелар, Меркел потсети дека претходно најави дека нема да се кандидира на следните избори и дека сака да се дистанцира во однос на прашањето кој ќе биде нејзин наследник.

Затоа не сакам да го коментирам тоа прашање – одговори Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.