Германската канцеларка Ангела Меркел во средата изјави дека на Европската унија и треба единство за да закрепне од последиците од пандемијата на коронавирус.

Таа истакна дека Германија, која моментно претседава со Советот на ЕУ, е решена да им помогне на своите сограѓани да ја надминат кризата и дека очекува „добра соработка“ со своите партнери.

Меркел претходно рече дека блокот сè уште е „многу оддалечен“ од договор за „фондот за закрепнување на ЕУ“ и неговиот долгорочен буџет.

Како одговор, претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, најави дека ќе претстави „кутија за преговори за буџет“ за да им помогне на земјите да постигнат договор околу „фондот за закрепнување“.

Европската комисија предложи формирање фонд од 750 милијарди евра за да ѝ помогне на економијата да закрепне од последиците на пандемијата на новиот коронавирус. Од таа сума, 500 милијарди евра ќе бидат распределени како неповратна помош и 250 милијарди како заеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.