Германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост во врска со здравствената состојба на рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални.

Германската влада, заедно со други, врши притисок да му се обезбеди соодветна медицинска помош – изјави Меркел пред Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Меркел истовремено, ја оцени како многу алармантна групацијата на руски трупи на границата со Украина.

Меркел порача дека е важно да се одржи дијалог на таа тема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.