Германската канцеларка Ангела Меркел, која е во официјална посета на Кина, не успеа да се задржи на нозе и мораше да седне за време на интонацијата на химните. Таа и двете химни ги ислуша седејќи.

Традиционално, за време на интонацијата на химната на било која земја, и домакините и гостите стојат, но овој пат за германската канцеларка беше поставен стол. Кинескиот премиер кој ја пречека Меркел стоеше до неа за време на свечениот чин.

Меркел за време на настанот изгледаше добро и не се забележуваа нaпaди на трecење кои станаа вообичаени за канцеларката последните неколку месеци. Таа имаше неколку нaпaди од јуни наваму, изјави дека се чувствува добро и нема пpoблеми со здравјето.

Сепак, за прв пат во историјата на ваков свечен официјален настап, канцеларката одлучи истиот да го проследи седејќи.

Видеото погледнете готука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.