Путин треба да се сфати сериозно, подготвена сум да бидам посредник, вели екс германската канцеларка, Ангела Меркел.

Вели дека би се вклучила во подоцнежна фаза, додавајќи дека од неа „не било ни побарано да интервенира“.

Меркел изјави дека војната во Украина претставува „пресвртница во европската историја“.  Таа ја призна и сопствената немоќ на крајот на нејзиниот мандат.

Во интервјуто за германската медиумска мрежа „РНД“, Меркел изјави дека лани се обидела да разговара со Путин за европскиот безбедносен поредок, но дека рускиот лидер не бил заинтересиран.

Меркел стои зад нејзината одлука да го блокира барањето на Украина за влез во НАТО во 2008 година, затоа што слична акција би предизвикала конфликт со Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.