Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше до своите граѓани да ги ограничат своите социјални контакти и да патуваат минимално, откако во земјата е потврден најголемиот дневен пораст на заразени со корона вирусот.

Доколку граѓаните на Германија не ги намалат контактите, сите заедно ќе се соочиме со големи предизвици кои овој вирус ги носи со себе“, порача канцеларката.

Иако не е толку погодена од пандемијата како другите европски земји, дневниот пораст на бројот новозаразени во Германија продолжува да расте.

Ве молиме останете дома доколку тоа е можно. Пандемијата повторно брзо се шири, дури и побрзо отколку на почетокот“, вели Меркел.

Минатата недела, Германија прв пат соопшти дека во еден ден од корона вируст има повеќе од 10.000 заболени, а денеска тој број изнесува 14.714, што е најголем дневен биланс од почетокто на епидемијата.

Во Германија од почетокот на епидемијата заразени се 418.005 лица, додека 10.003 пациенти починаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.