Германската канцеларка, Ангела Меркел, најави дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа и покрај пандемијата на корона вирусот, веројатно ќе бидат достапни пред лето.

Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација, изјави Меркел на прес-конференција по самитот на ЕУ, што се одржува онлајн.

Германската канцеларка додаде дека на Европската комисија ќе и требаат околу три месеци за да развие техничка основа за вакви документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.