Холандската Влада одлучи да ја подигне забраната за воздушен и поморски сообраќај со Велика Британија затоа што смета дека таа мерка ја загубила својата делотворност поради фактот дека во Холандија се регистрирани бројни случаи на британската мутација на корона вирусот.

Со ваквата одлука се дозволува пристигнување на авиони и бродови од Велика Британија, но патниците ќе мора да ги исполнат мерките што се применуваат за сите земји со висок ризик: да покажат негативен ПЦР тест и да ја испочитуваат официјалната препорака да минат десет денови во карантин.

Претходно, холандскиот премиер, Марк Руте, соопшти дека до крајот на март се продолжува полицискиот час и другите рестриктивни мерки, што се на сила од средината на декември, но и од октомври како што е случајот со затворањето на хотелската дејност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.