Лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Фридрих Мерц ги обвини украинските бегалци за злоупотреба на германскиот социјален систем, пренесуваат германските медиуми.

Мерц во интервју за „Билд ТВ“ изјавил дека е загрижен поради одлуката на владата да премине од системот за помош на барателите на азил на системот „помош за невработени II “, што, како што вели, ќе влијае и на бегалци од Украина.

„Во меѓувреме, сведоци сме на „социјалниот туризам“ на оние бегалци, кои доаѓаат во Германија, потоа се враќаат во Украина, па повторно во Германија и повторно во Украина, од кои голем број го користат нашиот систем за помош. Имаме проблем еве тоа станува се поголемо и поголемо“, објаснува тој.

Мерц потсети дека ЦДУ укажала на проблемот што може да се појави на пролет, а владата го игнорирала.

Тој предупреди дека ќе има уште поголем проблем со бегалците од Русија.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фрејзер веднаш реагираше и на Твитер порача дека „срамота е да се шири негативно расположение врз грбот на Украинките и децата, кои бегаат од бомбите и тенковите на Путин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.