Досегашната прва дама на САД, Меланија Трамп, го повтори ставот на својот сопруг Доналд Трамп дека е потребно пребројување на гласовите од изборите за нов американски претседател.

Откако официјално беше објавено дека Трамп ги загубил изборите од кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден, Меланија, на Твитер го искажа својот став за изборниот резултат.

Американскиот народ заслужува фер избори. Секој легитимен глас, а не нелегален, треба да се смета. Ние мора да ја заштитиме нашата демократија со целосна транспарентност – порача Меланија.

Претходно „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека Меланија го советувала сопругот дека треба да го прифати поразот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.