Меланија Трамп го одбројува минутите до разводот со Доналд Трамп, досегашниот претседател на САД, со цел да стави крај на нивниот 15-годишен „трансакциски брак“.

Како што  пишуваат британските медиуми, поранешната соработничка на Меланија, Омароса Маниго Њуман, отктила дека нивниот брак одамна е во криза.

Меланија ги брои минутите до заминувањето на Трамп од Белата куќа за да побара развод. Доколку сакаше да го понижи и да побара развод за време на неговиот досегашен мандат, тој ќе најдеше начин да ја казни – изјавила Њуман.

Според тврдењата на таблоидот, Меланија била очајна кога во 2016 година Трамп победи на претседателските избори, затоа што таа не можела ни да помисли дека тој би можел да победи. Исто така, таа не му се придружила на Трамп во белата куќа веднаш, туку чекала пет месеци, наводно за нивниот син Барон да го заврши училиштето.

Истовремено, и друга поранешна асистентка на Меланија, Стефани Брокоф, тврди дека „Првата дама“ планира да се раведе и да преговара за Барон да добие еднаков дел од богатството на Трамп.

Волкоф тврди дека Меланија и Доналд цело време спиеле во одвоени со би и дека нивниот брак бил чиста „трансакција“.

Ваквите тврдења делумно се потврдени и од честите објави во светските медиуми дека тие двајца не се во најдобри односи, а Меланија во неколку наврати беше снимена како ги одбива неговите допири или обиди да ја фати за рака.

Инаку, Трамп претходно двапати беше во брак, втората жена, Марла Мејплс, се обврза дека нема да објавува критички книги или да да дава интервјуа за него, па, како што пишуваат таблоидите, постојат сомневања дека и Меланија ќе направи такво нешто.

Трамп во 1977 година се ожени со Ивана со која има два сина (Доналд Јуниор и Ерик) и ќерка (Иванка), а таа врска заврши со развод во 1992 година кога ја запозна манекенката Марла. Тие двајца се венчаа во 1993 година и ја добија ќерката Тифани, но бракот им траеше до 1999 година.

Трамп ја запозна Меланија година дена подоцна и се ожени со неа во 2005 година, а во 2006 година го добија синот Барон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.