Мексиканската влада соопшти дека е подготвена да понуди политички азил на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Британски судија вчера ја блокираше екстрадицијата на Асанж во САД.

Ќе го замолам министерот за надворешни работи да организира британската влада да го ослободи Асанж и Мексико да му понуди политички азил, изјави претседателот на Мексико, Мануел Лопез Обрадор.

Шефот на државата ја поздрави одлуката на британскиот суд и ја опиша како „триумф на правдата“.

Асанж е новинар и заслужува шанса, нагласи Обрадор.

Мексиканскиот лидер вети државата да не се меша во политичките работи на други земји.

Во минатото, Мексико им обезбеди политички азил на многу луѓе, вклучувајќи ги Ево Моралес, Августо Сесар Сандино и Леон Троцки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.