Хавиер Бурило е 57- годишен мексикански милионер , член на едно од најбогатите семејства, а во неделата е уапсен за убиство на својот 11- годишен син.

Малото момче настрадало од последиците на несреќата, додека било на глисер со семејството со кое се возеле во заливот на Сан Франциско. Американаската полиција соопшти дека милионерот бил уапсен во својата вила во Белведере, но бил пуштен од притвор со кауција од милион долари.

Бурило е осомничен од американската полиција за нанесување штета или повреда на дете и за управување со возило под дејство на алкохол, но не и за убиство. Несреќата се случила додека пијаниот Бурило ги возел со глисер 11 годишниот син кој подоцна починал и постариот 27- годишен син.

Според медиумите, глисерот го удрил бран и го превртел, а синовите паднале во морето и се нашле под бродот. Бурило од морето го извадил прво постариот син, кој му помогнал да го извадат помалиот и потоа по немирното море стигнале до јахтинг клубот.

Од таму повикале итна помош и полиција, но кога тие дошле, 11 годишното момче починало. Полицијата утврдила и дека милионерот има зголемено количество алкохол во крвта, иако веќе биле поминати неколку часа од несреќата.

Постариот син на Бурило бил однесен во локалната болница. Во несреќата, тој, наводно, се здобил со сериозни исекотини на ногата. Истражителите исто така го испрашувале, но не се открило што им кажал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.