Британската премиерка, Тереза Меј, ја поздрави одлуката на лидерите на ЕУ за одложување на Брегзитот, наведувајќи дека сега пратениците од британскиот парламент имаат јасен избор што треба да направат следно.

Се надевам дека сите можеме да се согласиме, сега сме пред одлука, изјави Меј пред новинарите во Брисел, по завршувањето на самитот.

Земјите членки на ЕУ синоќа одлучија 12 април или 22 мај да е датумот за Брегзит, во зависност од тоа дали британскиот парламент во меѓувреме ќе го прифати договорот, кој во два наврата беше отфрлен.

Доколку британската влада се уште не успее да извојува ратификација на договорот за Брегзит, тогаш ќе треба или да побара долго одлагање, до крајот на оваа година и да учествува на изборите за европскиот парламент на 23-ти мај.

Во последниве три дена во Британија три милиони луѓе гласаа за петицијата да откажување на крајниот рок за Брегзит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.