Пожар во 13-катна станбена зграда во чешкиот град Бохумин однесе 11 животи, меѓу кои и на три деца.

Пет лица загинале откако скоканале од прозорците на високите катови на зградата. Најмалку 10 лица се повредени. Пожарот започнал од стан на 11-ти кат од зградата.

Според информациите на чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамшек, пожарникар се здобил со сериозна повреда.

Бохумин се наоѓа во источниот дел на Чешка во близина на границата со Полска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.