Русија има сила да ги постави непријателите, предводени од САД, на нивно место и Москва ќе го спречи „русофобниот заговор“ на Западот да ја распарчи Русија, изјави денеска Дмитриј Медведев, еден од најблиските сојузници на претседателот Владимир Путин.

Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а сега е заменик-секретар на рускиот Совет за безбедност, истакна дека САД поттикнале „одвратна“ русофобија во обид да ја доведат Русија на колена и потоа да ја распарчат.

ема да успее. Русија има моќ да ги стави сите наши дрски непријатели на нивно место, нагласи Медведев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.