Нема планови да се забрани Јутуб во Русија, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев, во годишно интервју со 20 руски телевизиски куќи.

Никој не планира да забрани ништо и Јутјуб ќе продолжи да работи (во Русија). Оние што заработуваат пари на Јутјуб, сепак ќе можат да го сторат тоа, иако не зависи од вас, туку од политиката на Јутјуб – рече тој, одговарајќи на прашање на позната блогерка.

Тој додаде дека Јутјуб има строги правила за авторски права, како и оние за деловни договори и други аспекти на Интернет комерцијализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.