Вториот човек во Русија, по Владимир Путин и претседател на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев, отсуствувал на конгресот на владејачката партија, објави Франс прес.

Во својот говор, Владимир Путин ги објавил првите пет лица кои ќе ја предводат федералната листа на изборите за Думата што ќе се одржат на 19 септември оваа година. Меѓу нив се министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, објави Асошиејтед прес.

Со овој потег, Путин има за цел да привлече повеќе гласови за Единствена Русија на претстојните избори, забележува агенцијата.

И Шојгу и Лавров се многу популарни поради нивните силни позиции во одбраната, односно во надворешната политика. Фактот дека тие се наоѓаат на изборната листа не ги обврзува да ги заземат местата на пратеници доколку бидат избрани.

Медведев е отсутен од првите пет поради неговата мала популарност – само 23 проценти го поддржуваат, а 66 – не го поддржуват – велат анонимни извори за руските медиуми.

Владимир Путин на конгресот им ветил на на граѓаните на Русија вложување милијарди рубљи за подобрување на нивниот животен стандард, пренесе АФП.

Рускиот лидер зборувал речиси еден час пред неколку стотици високи функционери на Единствена Русија собрани на конгрес во Москва.

Програмата на владејачката партија треба да биде програма на народот, порачал Путин, во услови на растечка непопуларност на Единствена Русија меѓу руското население, предизвикана од економската стагнација.

Путин најавил дека ќе бидат издвоени десетици милијарди рубљи за подобрување на јавниот превоз, патиштата и инфраструктурата, поправка на училишта и чистење на реките.

Просперитетно и цврсто семејство со деца е иднината на Русија – порачал Путин, кој останува верен на својата одбрана на семејните вредности и својата цел да се бори против демографскиот пад на Русија.

Путин исто така најавил најмалку 100 милијарди рубљи за зајакнување на јавниот здравствен систем

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.