Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина и дека мирот ќе биде под руски услови.

Медведев на „Телеграм“ напиша дека Вашингтон продолжува да „пумпа“ оружје во Украина и дека тоа оружје ќе заврши во рацете на криминалците ширум светот.

Тој ги обвини САД дека повторно станале спонзор на меѓународниот тероризам.

Русија ќе ги постигне сите свои цели. И ќе има мир. Според наши услови, напиша Медведев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.