Поранешниот руски премиер и претседател сега челник на безбедносниот совет, Дмитриј Медведев во саботата апелираше на воведување построги закони за делувањето на „странските агенти“ и кривичен прогон на поединци коишто работат во интересот на други држави на штета на Русија.

Според примерот на САД и тамошниот повеќедецениски закон и Русија пред пет години закон донесе закон со кој се опфатени медиуми, невладини организации и поединци кои според рускиот закон како „странски агент“ треба да се регистрираат сите кои примаат средства или имоти до странство, вклучително и руски правни лица коишто се спонзорирани од странски извори. Одлуката кој ќе биде прогласен за „странски агент“ ја носи министерството за правда. За тоа е формиран посебен регистар на медиуми „странски агенти“, и субјектите од оваа категорија се должни тоа како и добиените суми јавно да ги објават.

Медведев рече дека заострувањето на законот за „странските агенти“ е потребно, поради долгогодишната агресивна политика на Русија, особено во услови на украинската војна и западните санкции и медиумска пропаганда без преседан.

Доколку тие (странските агенти) изведуваат активности против нашата држава, особено во текот на овој тежок период, и за тоа примаат пари од нашите непријатели, нашиот одговор мора да биде брз и остар“, објави Медведев на Телеграм.

Додава дека новиот закон мора попрецизно да ги класифицира странските агенти и да наметне повисоки казни за прекршителите.

Руските пратеници во Думата минатиот месец најавија амандмани на законот за да се воведат дополнителни рестрикции за користење пари на странски организации и влади во медиумската сфера, вклучително и во инвестирањето во стратешките индустриски сектори и работата со децата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.