Поради недостиг на заштитна опрема во една болница во Менхетен, Њујорк, медицинските сестри биле принудени да носат на себе кеси за ѓубре.

На фотографијата, која брзо се прошири на Интернет, се гледа како три медицински сестри во болницата Маунт Синај Вест како позираат во ходникот на болницата облечени во големи црни пластични кеси за ѓубре, прекроени во заштитни наметки, а едната од нив држи кутија со тие кеси, јави Њујорк пост

Во меѓувреме, вработените во болница недалеку од Колумбовиот Круг во центарот на Менхетен веруваат дека недостигот на заштитна опрема е виновен за смртта на еден од нивните колеги, на кого му бил дијагностициран новиот коронавирус пред две недели.

Болницата го уби и тој треба да одговара за тоа, рече една од медицинските сестри.

Друга медицинска сестра рече дека проблемите со недостиг на опрема не се нови и траат една година, поради што персоналот честопати бил принуден да ги крие личните резерви и дека ситуацијата станала критична кога пациентите со коронавирус почнале да пристигнуваат во болницата.

Поради тоа, сестрите почнале да носат вреќи за ѓубре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.