Германската полиција спроведe истрага врз медицинската сестра за која се сомневаат дека намерно затрула 5 бебиња. Полицијата од градот Улм соопштила вчера дека во ормарот на медицинската сестра пронашле шприц со мајчино млеко и морфиум и таа е осомничена за давање дрога на 5 предвремено родени бебиња, со намера да ги убие, пренесува DW.

Во раните утрински часови на 20-ти декември, 5 новороденчиња во Медицинскиот центар при Универзитетот во Улм, одеднаш имале живото загрозувачки проблеми со дишењето. Полицијата рекла дека на бебињата веднаш им била пружена соодветната медицинска помош и дека лекарите сметаат дека нема да имаат дополни здравствени проблеми.

Од болницата ја контактирале полицијата откако во урината на децата откриле голема количина на морфиум. Полициските служби потоа ги пребарале соблекувалните на медицинскиот персонал и во ормарот на една медицинска сестра пронашле шприц со мајчино млеко и морфиум.

Против неименуваната медицинска сестра сè уште не е покрената официјална тужба, но се спроведува истрага поради обид за убиство на 5 бебиња и нанесување тешки телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.