Медицинска сестра во Велика Британија која била бремена и позитивно тестирана за коронавирусот, починала по породувањето, но нејзиното бебе е спасено.

Мери Агјеива Аџапонг (28), која работела во општото одделние во универзитетската болница Лутон и Данстабл, починала во неделата, на 12 април.

Таа била примена во болница на 7 април, откако била позитивна на тест за Ковид-19 два дена претходно, пренесува британскиот весник „Метро“.

Откако нејзината состојба започнала да се влошува, лекарите извеле итен царски рез за да го роди бебето. Лекарите првично мислеле дека родилката покажува знаци на подобрување, но Аџапонг починала на 12 април, пренесува „Канал 4“.

Пријавено е дека бебето е девојче во добра состојба, но нема информации дали и тоа е позитивно на вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.