Кинеска медицинска сестра од Вухан, која носи заштитно одело и маска и се грижи за заразените со корона вирусот во овој град, тврди дека во Кина се заразени веќе 90.000 луѓе, а не 2.700, според официјалните бројки.
Нејзиното предупредување од жариштето на епидемијата доаѓа во моментот откако кинеската влада се соочува со обвиненија за цензурирање на критичко размислување и за прикривање на правата вистина на кризата. Во видеото, објавено на Интернет, неименувана жена вели:

Јас сум во областа од која потекнува корона вирусот. Јас сум тука да ја кажам вистината. Во овој момент, во провинцијата Хубеј, вклучувајќи го и регионот на Вухан, па дури и ширум Кина, со вирусот корона се заразени повеќе од 90.000 луѓе, тврди таа.

На Кина првично и се честиташе за транспарентноста во справув со кризата, сега се почесто им се упатуваат критики дека властите од интернет ги отстрануваат видеата што ја откриваат вистинската состојба. Видеото од медицинска сестра од Вухан имаше повеќе од два милиони прегледи на YouTube.
Во него, таа ги предупредува луѓето да не излегуваат надвор и да се воздржат од прославување на кинеската нова година.

Би сакала да им кажам на сите што го гледаат ова видео да не излегуваат надвор. Не одете на забави. Не јадете надвор. Ако сте безбедни сега, ќе можете здрави да се сретнете со роднините наредната година, рекла болничарката.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.