Маж осомничен дека смртно застрелал девет лица во германскиот град Ханау е пронајден мртов во неговиот дом рано утрово, соопшти полицијата. Полицајците го запечатиле и го претресувале станот во населбата Кеселштат во Ханау, во близина на местото на едно од пукањата, по дојава на сведоци за бегство со автомобил. Полицијата соопшти дека работата за потврдување на идентитетот на двете тела во домот сè уште е во тек и дека не можат веднаш да дадат детали ниту за нив, ниту за идентитетот на жртвите од пукањето.

Оттаму не даваат детали за осомничениот вооружен напаѓач, но велат дека „засега нема индиции за дополнителни сторители“.

Германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на неименувани безбедносни службеници, објави дека се најдени видео снимка и писмо во кое ја презема одговорноста и нив полицијата ги испитува.

Весникот Билд објави и дека во возилото на осомничениот била пронајдена муниција.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.