Маж кој тврди дека е поранешен полицаец, ги дртжи како заложници патниците на еден автобус на мост во Бразил. Возилото е опколено од страна на полицијата и во тек се преговорите.

За сега не е јасно колку патници се наоѓаат во автобусот. Според некои извори киднаперот досега ослободил две жени е еден маж, пренесува „Раша тудеј“.

Локалните медиуми наведуваат дека киднаперот е вооружен маж, за кого велат дека се заканувал дека ќе го запали автобусот,кој стој на средината од еден мост во Рио де Жанеиро.

Драмата почнала уште рано изутрина во 6.30 по локално време, кога киднаперот го приморал возачот да го запре автобусот. „Во тек се преговори со киднаперот кој за себе тврди дека е поранешен полицаец. Не знаеме какви намери има и целта ни е да го натераме да ослободи колку е можно повеќе заложници“, велат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.