Десетици илјади луѓе се собраа на улиците во Полска да протестираат против строгите мерки наметнати поради пандемијата на корона вирусот.

Овие протестите се случија еден ден по демонстрациите околу одлуката на Уставниот суд за речиси целосна забрана за абортус.

Во Полска стапија на сила нови ограничувања за борба против пандемијата, вклучително и затворање ресторани и кафулиња за две недели, откако во последните 24 часа беа потврдени повеќе од 13.600 нови случаи на Ковид-19, највисока дневна бројка од почетокот на пандемијата.

Демонстрантите се собраа пред куќата на Јарослав Качински, претседател на владејачката партија Право и правда.

Полските медиуми проценуваат дека на протестите во Варшава имало околу 15.000 демонстранти и покрај мерките за забрана на јавни собири на повеќе од десет лица, а оваа бројка од денеска ќе се намали на пет.

Демонстранти се собраа и во Познан, Вроцлав и Краков, а протести се најавени и за понеделник.

Вчерашните демонстрации во Варшава беа главно мирни, за разлика од оние што се одржаа во четвртокот, кога некои демонстранти фрлаа камења, а полицијата употреби бибер спреј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.