Илјадници луѓе протестираа пред британскиот парламент против евентуалната екстрадиција на САД на коосновачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Во САД се покренати дури 18 обвиненија против Џулијан Асанж кој може да добие затвор до 175 години доколку биде прогласен за виновен. Асанж, меѓу другото, е обвинет дека на Викиликс објавил снимки за наводни воени злосторства на САД во Ирак и Авганистан што ги доби од поранешниот војник на американската армија (кој го асмени полот) Челси Манинг.

На митингот се извикуваше „Има само една одлука – нема екстрадиција!“ и „Ослободете го Џулијан Асанж!“ тврдејќи дека Асанж вршел новинарска работа и дека неговото гонење е незаконско. На митингот се појави и грчкиот пратеник и поранешен министер за финансии, Јанис Варуфакис, рече дека се приклучил на поротестот за да го потсети светот за улогата на Асанж во осветлувањето на незаконските активности на владите.

Прво дојдоа по Џулијан. Наредно, ќе дојдат по вас, вашите пријатели, секој што ќе се спротивстави на нивното ‘право’ да вршат злосторства против човештвото во ваше име.

Судските расправи за екстрадиција треба да почнат в понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.