Ураганот Ида се приближува кон Луизијана, која се подготвува да биде погодена од најсилниот ураган уште од 19 век.

Од Националната метеоролошка служба соопштија дека во близина на брегот на Луизијана дуваат ветрови од силната тропска бура помеѓу 60 и 120 км/ч и ги повикаа жителите кои сакаат да се евакуираат да го сторат тоа што е можно поскоро.

Жителите на Луизијана имаат време до вечерва да се подготват за ураганот Ида. Ова ќе биде најсилниот ураган од 1850 година. Мора наскоро да се евакуирате. Брзо се приближува. И, како што реков вчера, кога ќе легнете вечерва, треба да бидете подготвени таму каде што сте да се справите со бурата – препорача вчера гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс.

Најголемиот дел од невремето ја премина западна Куба во саботата, а Ида ќе продолжи да носи облини врнежи, што може да предизвика поплави и лизгање на земјиштето, предупреди Американскиот центар за урагани (НХЦ).

Од Центарот предупредуваат дека во текот на денешниот ден бреговите на Луизијана и Мисисипи би можеле да бидат погодени од „поплави поради опасно силни плими“, со можно нанесување катастрофални штети од ветерот.

Најновите информации од НХЦ предвидуваат дека Ида, пред да стигне до копно, ќе прерасне во Ураган од категорија 4 во категорија 5, со ветрови посилни од 200 км/ч.

Градоначалничката на Њу Орлеанс, Латоја Кантрел, им препорача на жителите доброволно да се евакуираат.

Времето не е на наша страна. Силината на ураганот забрзано се зголемува. Ако доброволно го напуштате градот, сега е време да го сторите тоа. Веднаш евакуирајте се – порача таа вчера.

Претседателот Џо Бајден прогласи вонредна состојба во Луизијана за да обезбеди федерална помош за подготовка за ударот на ураганот, а даде и наредба за доброволна и задолжителна евакуација во некои области.

На брегот на Пацификот, пак, бурата Нора, која се претвори во ураган преку ноќта, се очекува да го погоди копното во мексиканските држави Халиско и Најарит.

Се очекува Нора да се движи по мексиканскиот брег и да се поместува кон север, со обилни дождови кои може да предизвикаат поплави и лизгање на земјиштето, предупредува НХЦ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.