Германската Влада останува на препораката за задржување на општите мерки како што се физичка оддалеченост и ограничување на социјалните контакти по 5 јуни, објави денеска весникот „Билд“. Тоа значи дека маските и држењето дистанца ќе останат задолжителни и за време на летото.

Според онлајн изданието на „Билд“, на денешниот состанок на претставниците на сојузните и федералните единици за продолжување на општите мерки за борба против ширењето на коронавирусот, кои се во сила од средината на март. .

Според „Билд“, на препораките за пролонгирање на мерките се спротивставила сојузната држава Тириншка, чиј премиер Бодо Рамелов предизвика критики од другите сојузни провинции поради својата најава за укинување на општите мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

Рамелов најави дека ќе и предложи на својата влада план наречен „Концепт на препораки и локална борба против Ковид-19“ што предвидува „регионализација“ на борбата против ширење на инфекцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.