Претпоставуваш дека тие (неговите) се добри намери. А не се. Тој сака да ја уништи самата структура на цивилизацијата. Сорос го мрази човештвото“.

Вака му одговори Илон Маск на еден твитерџија кој го бранеше Џорџ Сорос, познатиот милијардер и филантроп.

Потоа, Маск напиша уште еден твит во кој го според Сорос со познатиот негативец Магнето од филмот Х-мен. Во приказната на филмот, Магнето го има преживеано Холокаустот исто како Џорџ Сорос.

Набрзо Маск беше нападнат дека со изјавата заговарал антисемитски идеи кои ќе ги охрабрат екстремистите.

Еј, престани да ме клеветиш“, му напиша тој на Џон Гринбалт, граѓански активист.

Маск ги бранеше своите ставови за Сорос и во интервју за Си-Ен-Би-Си.

Ќе го кажам тоа што сакам да го кажам, а ако последицата од тоа е да изгубам пари, нека биде така“, рече Маск.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.